Google купи компанија која прави роботи за Пентагон

25

boston-dynamics-alphadog-ls3-darpa-demo

Google го купи Boston Dynamics, инженерска компанија која дизајнира роботи за Пентагон, пишува Њујорк тајмс. Оваа компанија создава машини кои одат со чувство за балансирање и трча побрзо од најбрзиот човек во светот.

BigDog_ClimbRubble

Google не обелоденува колку пари потроши за купување на Boston Dynamics и немаат намера да даваат финансиски информации за тоа колку пари се потрошени за останатите осум роботски компании што ги купи во изминативе шест месеци.
Во видеото ќе го видите роботот наречен Големо куче или BigDog. Големото куче почна да се создава во 2003 година со партнерство помеѓу британскиот произведувач на роботи Фостер-Милер, лабораторијата на НАСА и Харвард.

Подолу е и Дивата мачка (WildCat), робот на четири нозе кој трча брзо на секаков вид на терен.