Google купува дел од HTC тимот во вредност од 1,1 милијарда долари

25

htc-925375_960_720

Фото: Pixabay

Google и HTC потпишаа договор за соработка вреден 1,1 милијарда долари, пишува Ars Technica. Google ќе преземе дел од тимот за смартфони на HTC, со што тајванската компанија останува независна и ќе продолжи да изработува паметни телефони.

Вработените од HTC ќе се придружат на Google како дел од хардверскиот оддел. Договорот, исто така вклучува и не – ексклузивна лиценца за интелектуалната сопственост на HTC.

Како што стои во официјалното соопштение на Google, овој договор е само една потврда за долгогодишната соработка помеѓу двете компании.

Google и HTC веќе имаат постигнато заеднички успех, како првиот Android смартфон HTC Dream, познат и како T-Mobile G1. Тука се и Nexus One којшто беше претставен во 2010 година, таблетот Nexus 9 од 2014 и првиот Pixel смартфон којшто беше преставен на пазарот минатата година.