Фото: Pexels
Google Maps додава нова функција идеална за патниците кои заспиваат или губат осет за време, возејќи се во метро или воз. Новата апликација ќе испраќа известување на корисникот кога ќе се доближи до неговата дестинација.
Оваа апликација за навигација е корисна бидејќи го олеснува патувањето и корисникот не може да ја промаши станицата, пишува The Verge. Google се фокусира на Android, но нотификациите може да се добиваат и на iOS верзија на Google Maps.
Летово, Google Maps воведе апликација што им помага на корисниците да го избегнуваат сообраќајниот метеж и советува кога е најдобро време да појдат на пат.