Google му ја продаде Motorola Mobility на Lenovo за три милијарди долари

46

motorola-lenovoПред две години, Google ја купи Motorola Mobility за 12,5 милијарди долари, а сега му ја продаде на Lenovo за 2,91 милијарда долари, јавува BBC.

Леново планира преку купувањето на Motorola да ја изгради својата смартфон единица, што можеби ќе му помогне да го неутрализира забавувањето на бизнисот со персонални компјутери. Сепак, Google ќе ги задржи поголемиот дел од профитабилните патенти на Motorola, кои вклучуваат еден за Андроид софтверот.

Во соопштението, Google изјави дека пазарот на смартфони е “супер конкурентен” и дека на Motorola ќе и биде подобро со Lenovo, пишува BBC.

Со овој потфат, Lenovo се надева дека ќе стане трет најголем произведувач на смартфони во светот, по Samsung и Apple. Motorola Mobility ги создаде паметните телефони Moto X и Moto G.

Google очигледно не успеа да го прекине негативното работење на Motorola, која само во последниот квартал минатата година забележа загуба од 248 милиони долари.

Трансакцијата треба да ја одобрат американските и кинеските регулатори.