Google: Најдобрите менаџери ги имаат следниве карактеристики…

102

Технолошкиот гигант Google повеќе од 10 спроведуваше истражување под тајното име Project Oxygen. Целта беше да се види кои карактеристики ги имаат најдобрите менаџери, за да може да спроведе соодветен тренинг за вработените.

Еве што покажаа резултатите.

Добар ментор

Добриот менаџер ги користи проблемите за да го научи тимот како се извлекува поука од сé. Ја даваат својата поддршка и го споделуваат своето знаење кога ќе биде потребно.

Не применуваат микроменаџирање

Микроменаџирањето, односно надгледување на секој чекор кај вработените, може да има само негативен ефект. Добрите менаџери им дозволуваат на своите луѓе од тимот да истражуваат, да донесуваат одлуки, да преземаат ризици и да прават грешки.

Продуктивни се и ориентирани кон резултати

Нивната цел е да се биде продуктивен, да се постави правилен пример… Овие луѓе не се срамат да ги “засукаат ракавите“ и да помогнат во сечија работа.

Слушаат и споделуваат информации

Најдобрите менаџери умеат да ги сослушаат вработените. Токму затоа ги разбираат луѓето од тимот и им излегуваат во пресрет. Транспарентни се и ја споделуваат секоја информација.

Одлучни се

Не се импулсивни, но кога ќе донесат одлука цврсто стојат зад неа. Откако ги разгледуваат сите аспекти и ги земаат во предвид сите мислења, одлучуваат каков чекор да преземат со цел да се движи бизнисот напред. Можеби одлуката нема да им се допадне на сите, но најуспешните менаџери знаат дека таа е вистинската.

Фото: Pixabay