Google очилата од следната година и со диоптер

20

glassОсвен што се футуристички, Google очилата ќе бидат и функционални, со тоа што од следната година ќе се прават и со диоптер. Google заедно со компанијата Rochester Optical од Њујорк ќе изработуваат специјални леќи, кои купувачите ќе можат да ги одбираат во согласност со бојата на самиот уред. Нарачките ќе бидат усклучиво преку интернет, при што ќе треба да се пополнат информациите од препораката на лекарот.

Според Mashable, овие Google очила ќе бидат достапни од јануари следната година.

Серијата Explorer на Google очилата беше пуштена во февруари 2013 година, по цена од 1.500 долари. Потрошувачката верзија, што се очекува да чини од 300 до 500 долари, ќе биде пуштена во 2014 година.