Фото: Pexels
Технолошкиот гигант Google отвора истражувачки центар за вештачка интелигенција во Кина и покрај тоа што земјата го блокира сервисот за пребарување, пишува BBC.
Според компанијата ова ќе биде прв ваков центар во Азија и ќе вработува локално население. Истражувањето во полето на вештачката интелигенција е еден од главните интереси на Google , но и на Кина.
Вештачката интелигенција има потенцијал да подобри цела низа на технологии, почнувајќи од самоуправувачки автомобили и автоматизирани фабрики до превод на производи и програми за препознавање на лик.
Истражувачкиот центар, којшто ќе се приклучи на останатите центри за ВИ во Лондон, Њујорк, Торонто и Цирих ќе биде управуван од мал тим луѓе од канцеларијата на Google во Пекинг. Компанијата моментално има две канцеларии во Кина, каде половина од своите 600 вработени работат на проекти од глобално ниво.