Google Play Music во девет држави во ЕУ

19

music-nautilus3Google ја прошири достапноста на својот сервис за споделување на музика во живо, Google Play Music All Access во неколку европски земји.

Станува збор за девет земји членки на ЕУ: Австрија, Белгија, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Португалија, Шпанија и Велика Британија.

Овие земји ќе се приклучат на веќе постоечките корисници од САД, Австралија и Нов Зеланд. Music All Access настана во мај, како одговор на Google на популарниот сервис за споделување музика Spotify.

Содржи преку милион песни, персонализирано радио на основа на одбраните песни и изведувачи, како и паметни пораки на песните и нивните изведувачи.

Цената на сервисот ќе биде 7.99 евра месечно за оние корисници кои ќе се претплатат до 15 септември, а после тоа ќе изнесува, 9.99 евра. Цената пак за претплатниците од САД е 10 долари месечно.