Американската компанија Googlе работи на проект за изработка на паметни леќи кои ќе го мерат нивото на гликоза во солзите. Паметните леќи се составени од безжичен чип и минијатурни сензори кои се вградени помеѓу двата слоја на леќите. Целта е мерење и контрола на шеќерот во крвта преку леќите, со што би се избегнало досегашното боцкање за да се дојде до резултати, но и точно да се дијагностицира потребната доза на инсулин.
Во моментов се тестира прототипот кој може да го изврши мерењето за една секунда, а се истражува и објективот на леќата кој би служел како систем за предупредување. Планирано е да се вградат и мали LED диоди кои би можеле да бидат показател дека нивото на шеќер е над или под прифатливи параметри.
Според податоците, секој 19-ти човек заболува од шеќерна болест, а поголем дел од нив ги мачи начинот на држење на болеста под контрола. Неконтролираната шеќер во крвта може да доведе до бројни компликации. Googlе во моментов преговара со американската Агенција за храна и лекови за партнерство во проектот. Од компанијата велат дека овој производ до потрошувачите ќе стигне за околу пет години.