Google со нов оперативен систем – Android P

35

image7

Фото: Google

Google официјално ја објави новата верзија на својот мобилен оперативен систем, Android P, којашто ќе биде достапна  на одредени мобилни телефони кон крајот на оваа година.

Android P првично ќе биде достапен за програмерите, што значи дека ќе треба да се регистрирате како програмер (и да имате еден од од бараниот модел на одобрени телефони) за да ја инсталирате оваа бета верзија на софтверот.

Во новата верзија на оперативниот систем, ќе биде вклучена оптимизација на батеријата и понапредно едитирање на сликите.

Android P ќе овозможи симултано контролирање на задната и предната камера и ќе го забрза времето на фотографирање. Исто така, ќе се намалат шансите за тајно “шпионирање” од страна на апликациите преку микрофонот и камерата.

Финалниот датум на издавање на Android P допрва треба да биде потврден, а тоа се очекува да се случи во третиот квартал од 2018 година.