Google влегува во партнерство со Coinbase, ќе овозможи плаќања со криптовалути

103

Google Cloud и Coinbase објавија долгорочно стратешко партнерство за подобро да му служат на растечкиот екосистем на Web3 и програмерите кои ќе можат да пристапат до BigQuery крипто јавните бази на податоци.
Со оваа соработка Google ќе им овозможи на корисниците на своите облак услуги да плаќаат за тие услуги со „одбрани“ криптовалути. Според Coinbase и Google, крипто плаќањата ќе бидат достапни за корисниците во Web3 просторот на почетокот на следната година.

За да го овозможи ова, Google ќе користи Coinbase Commerce, алатка која им овозможува на бизнисите да примаат, прифаќаат и конвертираат криптовалути, вклучувајќи Bitcoin, Ethereum, USD Coin, Tether USD, Dogecoin, Shiba Inu и други.

Google, исто така, планира да ја користи Coinbase Prime, платформа за тргување со крипто „институционална класа“ првенствено изградена за големи компании, за складирање и трговија со криптовалути, пишува The Verge.

Од друга страна, Coinbase ќе го избере Google Cloud како стратешки давател на услуги во облак за да изгради напредни услуги за размена и податоци и на тој начин делумно да ја замени употребата на AWS (Amazon Web Services).

Coinbase ќе го користи Google Cloud за обработка на податоци од блокчејн и на тој начин да го подобри глобалниот досег на своите крипто услуги со искористување на премиум мрежата на Google.

Coinbase, исто така, ќе ја изгради својата глобална платформа за податоци на врвот на безбедната инфраструктура на Google Cloud и ќе ги искористи своите водечки технологии за податоци и аналитика за да обезбеди крипто увид управувано од машинско учење на корисниците на Coinbase, објави Google.