GoSun Chill е мини преносен фрижидер што ја чува храната ладна/замрзната со помош на сончева енергија. Со оглед на тоа дека не се потребни дополнителни разладувачи, внатрешниот простор на фрижидерот е двојно поголем од останатите слични производи. GoSun Chill функционира благодарение на високо ефикасната технологија на соларни компресори.
Во случај да е потребна дополнителна енергија, уредот може да се комбинира со Powerbank (надворешна батерија), AC адаптер, флексибилни сончеви панели и соларна маса. GoSun им овозможува на корисниците да ја наместат температурата според потребите од -20 до +20 степени, а надворешната батерија може да трае до 14 часа со едно полнење.
Фрижидерот има рачки и тркала за лесен транспорт по било каков терен, отворач за шишиња, и дополнителни џебови за чување на предмети и уреди. GoSun Chill тежи 12,7 килограми, собира 40 литри, а неговите димензии 60 x 40 x 48 сантиметри.
Производот успешно ја заврши својата кампања на платформата за групно финансирање Indiegogo, а првите испораки се очекуваат во август.
Фото: Indiegogo