Говор на телото – како до совршен прв впечаток

69

govor-na-telo

Фото: Pixabay

Истражувањата покажуваат дека говорот на телото, односно невербалната комуникација е многу помоќна од вербалната. Затоа е многу битно какви сигнали ќе испрати вашето тело до соговорникот, особено при запознавање на некоја нова личност. Тие први минути значат многу, особено во светот на бизнисот и градењето добра бизнис соработка.

Како да оставите добар прв впечаток, во продолжение:

1. Телото треба секогаш да биде во исправена положба, а рамената опуштени.

2. Кога седите нозете треба да бидат во природна положба, а не скрстени.

3. Благо наклонете се кон соговорникот, тоа покажува фокусираност кон разговорот.

4. Истото важи и за рацете, нека бидат покрај телото, тоа оддава впечаток дека сте отворени кон нови идеи.

5. Пожелно е да гестикулирате со рацете додека зборувате со соговорникот, така ќе делувате позаинтересирани.

6. Секогаш ракувајте се кога се сретнувате со некого. Тоа можеби е една од најважните точки на невербалната комуникација. Преку ракувањето го одредувате тонот на разговорот.

7. Не ги изоставајте климањата со глава и насмевките, со тоа му покажувате на соговорникот дека разбирате, се согласувате и внимателно слушате што има да каже.

8. Насмевнете се на глас, но не премногу. Со тоа ќе внесете опуштеност во комуникацијата.

9. Гледајте го соговорникот во очи кога му/и се обраќате, но и кога тој/таа ви се обраќа вам.

10. Внимавајте да не трепкате премногу, тоа кажува дека се чувствуват непријатно додека разговарате.

12. Исто така, важен е и тонот на вашиот глас. Зборувајте јасно, полека и не многу гласно.

13. За време на состанокот запишувајте. Така ќе покажете дека сте заинтересирани за она што соговорникот го зборува.

14. И секако, следете го говорот на телото на соговорникот, сигурно ќе откриете нешто што зборовите нема да го кажат.