Говор на телото во неколку знаци

694

woman-791860_960_720

Фото: Pixabay

Невербалната комуникација понекогаш кажува многу повеќе од зборовите. Она што ќе се каже може да не биде сосема точно, но тука се несвесните движења и гестикулации што ги издаваат вистинските чувства и мисли.

Опуштено седење/стоење

Најчесто ова е знак за непочитување. Укажува дека на личноста ѝ е здодевно и не сака да биде онаму каде што е во моментот.

Прекрстени раце/нозе

Ако рацете се прекрстени и во одредени ситуации и нозете, индивидуата не е многу убедена во тоа што го кажува соговорникот. Дури и ако се смее и изгледа заинтересирано она што го кажува говорот на телото е недоверливост.

Претерано климање со главата

Ова најчесто се поврзува со вознемиреност поврзана со одобрување на нешто. Ако некој често го прави тоа дури и кога не е соодветно со ситуацијата, алармира дека не го разбира тоа што го слуша и се обидува да го прикрие тој факт.

Слаб/силен стисок при ракување

Слабиот стисок значи дека на личноста ѝ недостасува самодоверба, додека силниот укажува на некој кој сака да доминира и не ретко пројавува агресивно однесување.

Потегнување на вратоврската/блузата

Потегнување на вратоврската или било кој дел од облеката околу вратот демонстрира лутина, гнев, фрустрација од нешто.

Чешање на очи/лице/глава

Овој гест може да има две значења, длабоко размислување или смислување на лага. Понекогаш е тешко да се одреди точното значење, но во зависност од ситуацијата и индивидуалецот може да се процени.

Триење на дланките

Оваа личност очекува позитивен исход од некоја ситуација и оптимистички е расположена.

Допирање/местење на ракав

Доколку некој го мести својот ракав, тоа го прави во обид да ја потисне својата вознемиреност во моментот.

Гестикулација со раце/дланки

Мали и контролирани гестикулации со рацете укажуваат на лидерство и самодоверба. Широко раширени раце и отворени дланки велат дека личноста ја кажува вистината и нема што да крие.