Град кој лани привлече дури 718 милиони евра инвестиции: Топ 4 сектори во кои вреди да се инвестира

49

Виенската бизнис агенција во 2021 година благодарение на понудите за компаниите успеа да привлече инвестиции во вредност од 718 милиони евра.

И покрај пандемијата на корона вирусот, агенцијата успеа да спроведе 4.323 советодавни разговори и да поддржи 1.527 проекти. Отворени се вкупно 5.379 нови работни места.

„Во прилог на фактот дека компаниите кои работат во Виена се активни и амбициозни говори и фактот што Виенската бизнис агенција постигна најдобар биланс досега за време на пандемијата. Импресивните бројки потврдуваат дека понудите на Бизнис агенцијата се вистинската работа“, вели Петер Ханке, член на градскиот совет задолжен за економија.

Виенската агенција советува во секторите започнување бизнис, финансирање, недвижен имот и имиграција. Покрај тоа, постои широка програма за обука, а специјален тим ги посетува компаниите во Виена во нивните простории.

„На фирмите кои инвестираат во Виена пред сè им треба прецизен совет“, рече директорот на агенцијата Герхард Хирче. „Понудите на агенцијата не само што даваат стимулации за поединечни компании, туку создаваат дополнителна вредност за целата деловна локација“, објаснува Ханке.