Градежен институт Македонија АД Скопје, доминантен акционер во фабрика Карпош АД Скопје

93

_Upload_Vesti_GIM_2013322121659Комисијата за хартии од вредност на Р. Македонија соопшти дека Градежен институт Македонија АД Скопје стана доминантен акционер во фабриката Карпош АД Скопје, а брокерската куќа Иново Брокер АД Скопје доби дозвола да дејствува и како покровител при котација.

“Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на денешната седница донесе Решение со кое се утврдува за успешна понудата за откуп на акции издадени од фабриката Карпош АД Скопје, а дадена од Градежен институт Македонија АД Скопје. Врз основа на оваа понуда, Градежен институт Македонија АД Скопје се стекна со вкупно 85.679 обични акции, кои обезбедуваат учество од 28,64% од акциите со право на глас од фабриката Карпош АД Скопје. Имено, понудата за откуп ја прифатиле 34 сопственици на обични акции. Со ова, условот за успешност на понудата за откуп од 115 од обичните акции издадени од Фабрика Карпош АД Скопје е исполнет. Понудувачот ги откупи хартиите од вредност по цена од 180 денари за една акција”, се наведува во денешното соопштение од КХВ.

Со хартиите од вредност што ги стекна со оваа понуда, и со акциите кои ги поседуваше пред давање на истата, Градежен институт Македонија АД Скопје во моментов располага со 53,64% од вкупниот број издадени акции.

Понатаму во соопштението се вели дека на барање на Иново Брокер АД Скопје, а по спроведена вонредна контрола на кадровската, техничката и организационата оспособеност на брокерската куќа, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност на Иново Брокер АД Скопје и дозволи да дејствува и како покровител при котација.