Градежен институт Македонија доби дозвола за преземање на Фабрика Карпош 

48

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе Решение со коешто на Градежен Институт Македонија АД-Скопје му издаде дозвола за понуда за преземање на Фабрика Карпош АД Скопје.

Понудата за преземање, како што е наведува, се однесува на 63.892 обични акции со право на глас издадени од Фабрика Карпош АД Скопје, кои претставуваат 21,36% од основната главнина на друштвото.

Во моментот на поднесување на понудата за преземање Градежен Институт Македонија-Скопје поседува 224.739 обични акции од Фабрика Карпош АД Скопје, додека понудата не се однесува на 10.481 обична акција без право на глас, кои се сопствени акции кои ги поседува целното друштво. Преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 470 денари по акција.

Преземачот, како што наведуваат од КХВ, не утврдил најмала количина на обични акции на кои се однесува понудата за преземање која треба да биде прифатена за понудата за преземање да се смета за успешна.

Фото: Freepik