Граѓаните на ЕУ сè повеќе купуваат онлајн

Граѓаните на Европската унија се повеќе купуваат преку интернет, покажува најновото истражување објавено денеска од Евростат.

Минатата година, 77 отсто од корисниците на интернет пријавиле дека купиле или нарачале стоки или услуги преку Интернет во претходните 12 месеци, што е зголемување за 17 процентни поени во споредба со 2014 година.

Најголем процент на корисници на интернет кои купувале онлајн во 2024 година е забележан во Ирска со 96 отсто, Холандија со 94 отсто и Данска со 91 отсто.

За разлика од нив, најниско учество има Бугарија со 57 отсто, а потоа следат Италија и Романија со по 60 отсто.

Корисниците најчесто купувале облека, обувки и додатоци преку Интернет, при што 45 отсто од испитаниците изјавиле дека направиле ваков вид на купување во претходните три месеци.

Граѓаните користеле и онлајн купување за испорака на храна од ресторани, синџири за брза храна и угостителски услуги (21%), козметика и велнес производи (20%) и мебел, додатоци за домот или градинарски работи (19%).

Покрај тоа, корисниците купуваа и спортска опрема, книги, списанија, весници и здравствени додатоци како витамини преку Интернет, се додава во соопштението.