Грчката граница останува затворена до 15-ти август

150

Прекинот на воздушните и морските поврзувања на Грција со Северна Македонија, Албанија и Турција, како и одлуката што се однесува на копнените граници се продолжуваат до 15 август 2020 година, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што претходно објави МИА, денеска истекува одлуката од 15 јули за привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција, која сега е продолжена за уште 15 дена.

Фото: Freepik