Грчката влада ќе ја враќа телевизијата ЕРТ

24

tv

Грчката влада вчера најави дека во четврток пред парламентот ќе поднесе предлог закон за враќање на државната радиотелевизиска куќа EРT, која беше затворена во 2013 година, пишува Seebiz.

Предлог законот предвидува да се вратат на работа отпуштените работници, односно оние што ќе сакаат.

EРT беше затворена во рамките на политиката на штедење, затоа што според тогашните пресметки, телевизијата ја чинеше државата околу 300 милиони евра годишно. Во неа беа вработени 2.600 луѓе.