Грчкиот суд ја поништи одлуката за затворање на ЕРТ

15

ertГрчкиот суд ја суспендира одлуката на Владата за укинување на јавната радиотелевизија ЕРТ. Судот донесе одлука дека ЕРТ може да продолжи со емитување на програма се додека не се воспостави нова национална радиотелевизија.

Истовремено, продолжуваат преговорите меѓу премиерот Антонис Самарас и неговите коалициони партнери. Самарас предложи ЕРТ да почне со работа под надзор на комисија составена од претставници на трите партии во власта, што би било преодно решение.

Минатата недела грчката влада донесе одлука за привремено укинување на државната телевизија и радио, со објаснување дека на ваков чекор се одлучиле затоа што јавните медиуми имале проблеми со транспарентноста и дека “претерувале со трошоците”.