Грција беше цврста држава, Apple беше шега, а Цукерберг беше без факултет

38

pari-pixabay

Фото: Pixabay

Ако сте инвеститор, овие девет правила секогаш треба да ги имате на ум. Интернет порталот The Motley Fool, кој е наменет за инвеститорите и сите оние кои би сакале да се занимаваат со тоа, објави девет правила кои секогаш треба да се земат в предвид. Тие се следниве:

1. Девет од десетте финансиери со кои соработувате немаат добри намери
Вол Стрит е магнет за најпаметните финансиски стручњаци од сите факултети ширум светот. Дека тие се таму за да го подобрат и светскиот капитал покрај својот, се чисти лаги. Се знае, тие се таму строго за личен интересе. Затоа не верувајте никому и советувајте се со порталот.

2. Немојте да се обидувате да ја предвидите иднината
Во минатото Грција беше цврста држава. Русите банкротираа, барел нафта чинеше само 13 долари по галон, Apple беше никој и ништо, а пак Цукерберг беше без факултет… Ова се само неколку факти кои пред неколку години беа такви, а денес се сосема неверојатни. Затоа фокусирајте се на сегашноста и обидете се да извадите максимум од неа.

3. Штедењето понекогаш е поважно од вложувањето
Можеби знаете и можете да повлечете вистински и паметен потег, меѓутоа ако немате доволно капитал и финансиски средства сето тоа ви паѓа во вода. Затоа строго се препорачува секој месец одредена количина на пари да ја тргнете на страна и на крајот на годината ќе бидете изненадени колку сте успеале да заштедите, советува порталот.

4. Фокусирајте се само на најважните работи
Добро размислите кои информации ви се битни и потребни. Сето она што не ви е вистински потребно е одвишок, го губите вашето драгоцено време.

5. Емоционалната интелигенција е повеќе од битна
Еден од најпознатите светски инвеститори Ворен Бафет рекол дека во тој инвестициски круг не победуваат оние со најголем коефициент на интелигенција, туку оние кои се со најголема концентрација и оние кои успеваат да останат смирени и во моментите кога не им оди најдобро.

6. Разговарајте околу парите
Инвестирањето воопшто не е лесна работа, понекогаш знае да биде многу стресно. Многу од инвеститорите се нервозни. Лути, па дури и исплашени пред и откако ќе превземат некој битен чекор. Затоа порталот советува да разговарате во врска со вашите планови со луѓе, препорачливо е тоа да биде близок пријател, роднина или одреден советник.

7. Повеќето имаат проблем со долговите
Најважната работа е контрола врз капиталот. Затоа мора да се биде претпазлив како се настапува, а воедно и како се распределуваат своите пари. Голем дел од луѓето имаат сериозни проблеми доколку не знаат да раководат со својот капитал, па така често одат во долгови.

8. Немојте да живеете на стара слава
Најлошото нешто што може инвеститор да направи е постојано да се ослонува на своето добро минато. Времињата се менуваат, па така треба и вие да се смените. Доколку се остане на старите навики, тогаш времето може да ве прегази и да одите во големи минуси.

9. Совршено инвестирање не постои
Инвестирањето е ризична работа, а лоши работи се случуваат често и на сите видови на имоти. Индустриите се соочуваат со големи проблеми и најсигурно што може да се каже е дека денес ништо не е сигурно. Отворен ум, способност за игнорирање на безмислени информации се едни од клучните особини кои треба да ги поседува еден инвеститор.