
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис посочи дека Грција би можела да развие нуклеарна енергија во иднина како дел од зелената транзиција.
Зборувајќи на конференцијата за енергетска транзиција во Атина, Мицотакис рече дека Грција „треба да биде подготвена да се приклучи на нуклеарната алијанса“.
– Ова може да биде шок за некои што нè слушаат, со оглед на тоа што Грција нема искуство во нуклеарната енергија. Но, кога го гледам целокупниот развој на енергетиката, не гледам начин светот да достигне јаглеродна неутралност без нуклеарна енергија и гледам многу интересни случувања во оваа област, рече тој.
Мицотакис додаде дека не верува дека ова ќе се случи наскоро, но дека сака Грција „да биде дел од разговорот“ за употребата на нуклеарната енергија, објавува Катимерини.
Фото Pixabay