Грција ја изнајмува вилата на Мусолини на Родос на 50 години

50

1

За да ја наполни државната каса, грчката влада одлучи на 50 години да ја изнајми вилата на островот Родос, која е изградена во 1936 година за италијанскиот диктатор Бенито Мусолини. Вилата ја изградил негов близок соработник, за да има каде Мусолини да ги поминува деновите од староста, но тој никогаш не стапнал во неа, јавува Блумберг.

2

На листата на Државниот фонд за средства за развој, одговорен за собирање пари од продажба на државен имот за да се намали грчкиот долг, покрај оваа вила се наоѓаат уште 13 објекти кои не се употребуваат и се запуштени. Од овие објекти, наменети да станат мали луксузни хотели, три се за продажба, а десет се нудат под закуп на 50 до 99 години.

5

3

4