Грција: Шест козметички компании треба да платат казна од 18,7 милиони евра

65

kozmetika

Фото: Pexels

Грчката комисија за конкуренција казни шест козметички компании со сума од 18,7 милиони евра поради меѓусебно договарање на цени. Меѓу шесте компании се наоѓаат и три грчки козметички куќи.

Козметичката компанија L’Оreal објави дека ќе поднесе жалба на глобата од 2,6 милиони евра наметната од страна на грчката комисија за конкуренција, којашто пресуди дека француската компанија и неколку нејзини ривали ги одредувале цените на пазарот, пишува Reuters.

Компанијата Christian Dior, дел од групацијата за луксузни производи LVMH, исто така треба да плати казна од 1,8 евра, додека најголемата парична казна од 5,4 милиони евра ја доби Estee Lauder. Грчката компанија Sarantis треба да плати глоба од 1,9 милиони евра.