Грција:Годишната инфлација падна на 1,9 % во септември

Годишната стапка на инфлација во Грција се намали во септември од августовските 2,9 проценти на 1,9 проценти, што е најниска вредност во последните две години, објави  грчката статистичка служба ЕЛСТАТ.

Падот на инфлацијата во Грција е првенствено резултат на побавниот раст на цените на храната и безалкохолните пијалоци, за 1,4 проценти на годишно ниво во споредба со 2,2 проценти во август.

Дополнително, цените на алкохолните пијалоци и тутунот се зголемија во септември за еден процент на годишно ниво, облеката и обувките за 5,2 проценти, домувањето и енергијата за 0,2 проценти, здравствената заштита за 0,1 процент, рекреацијата и културата за еден процент, услугите во хотелите, кафулињата и рестораните за 5,9 проценти, што е побавен раст во сите споменати категории отколку во август.