Гренланд даде дозвола за рударење на критични метали за проект поддржан од ЕУ

Гренланд  одобри 30-годишна лиценца за проектот поддржан од Европската Унија за експлоатација на молибден, кој е на листата на критични метали и кој се  користи во воздухопловството, енергетиката и одбраната.

Дозволата ја доби компанијата „Гренланд Рисорсис“, која е котирана на берзата во Торонто, а која е поддржана од Европската Унија за суровини и која ја поседува лиценцата за проектот Малмбјерг во источен Гренланд, објави владата на таа земја.

Отворениот рудник Малмбјерг ќе произведува молибден кој ќе задоволи околу 25% од потрошувачката на молибден во Европа.

Молибденот е сребрено-бел метал што првенствено се користи за зајакнување на челикот и подобрување на неговата отпорност на топлина и корозија, што го прави клучен за индустриски апликации како што се одбраната и чистата енергија.

На почетокот на февруари, Кина воведе контрола на извозот на пет метали, вклучувајќи производи поврзани со молибден, како одговор на царините на американскиот претседател Доналд Трамп за кинески стоки.

Кина учествуваше со околу 40% во глобалното производство на молибден минатата година, според Геолошкиот завод на САД. Молибденот се смета за клучен минерал и од Европската Унија и од Соединетите Американски Држави.

Фото Pixabay