Грешки што ги прави паметниот шеф

54

hartija

Фото: Pixabay

Паметните лидери прават глупави грешки. Како бизнис консултант, Лоли Даскал долго време работи на грешките на луѓето и дошла до заклучок дека и најпаметните луѓе прават погрешни проценки, имаат “слепи точки” и навики што им носат неволји. Ова се некои од грешките што ги прават и најпаметните лидери.

Неодлучност

Нешто најлошо што може да му се случи на еден тим или на организација е неодлучен шеф.

Прекршување на ветување

Луѓето се фаќаат за збор. Ако шефот не го исполни ветеното, создава недоверба кај вработените. Ќе им треба многу време да ја вратат довербата на вработените.

Претпоставуваат

Луѓето на позиции можат да направат голема штета кога се убедени дека имаат контрола врз ситуација креирана на погрешни претпоставки, без проверка на реалноста.

Се китат со туѓи перја

Да се фалиш со туѓ труд е многу лошо и погрешно, но лидер да ги презема заслугите на тимот е нешто што не може да се прости.

Мислат дека знаат сè

Најлошо за еден шеф е да престане да биде љубопитен и да стане тип што на сè одговара со “знам”.

Лоша комуникација

Кога шефот ја запоставува комуникацијата со вработените, може да пропушти важни информации и детали и да ја загрози работата.

Таинственост

Таинствен шеф креира атмосфера на недоверба и таков тон наметнува на целиот тим.

Лош тајминг

Кога лидерот чека последен момент да изделегира временски чувствителен проект, тогаш сите во тимот изгледаат лошо.

Немаат визија

Лидерите што ги “бркаат” само дневните работи, а ја немаат големата слика во глава, не треба да водат тим.