Грешки што треба да ги одбегнете кога купувате бизнис

31

 

karticka

Фото: Pixabay

Големите одлуки не се донесуваат така лесно, како во животот, така и во бизнисот. Доколку размислувате да станете сопственик на бизнис, погледнете што не треба да направите.

Не купувајте бизнис што не можете да си го дозволите

Ова е најчеста причина поради која бизнисите пропаѓаат. Во вакви случаи финансиите пресушуваат уште пред да имате можност да се докажете како сопственик.

Не барајте додека не сте сигурни што навистина сакате да купите

Треба да знаете што сакате, а не само слепо да ги дадете парите со претпоставка дека токму тоа е вистинскиот бизнис за вас.

Не претпоставувајте дека започнување на бизнис е лесно

Понекогаш се случува луѓето да имаат луда среќа и нивниот бизнис да “процвета” за кратко време. Тргнете спремни дека може да се случи и најлошото. Така и успехот ќе биде уште посладок.

Не се обидувајте да постигнете сè сами

Побарајте помош од експертите. Немањето искуство може да има само негативни последици. Подобро е уште веднаш да дознаете дека планираниот потфат не е добра идеја, отколку кога ќе биде веќе предоцна.

Добар бизнис план

Добро простудирајте го локалниот пазар и индустријата на која планирате да се приклучите. Искористете ги сите извори и потоа паметно “стокмете” го бизнис планот.

Не го купувајте бизнисот што некој друг смета дека е најдобар

Не се одлучувајте за конкретниот бизнис само затоа што вашиот родител или брачен другар вели дека е најдобар. Секој од нас има различни желби, мислења, ставови и планови. Треба вие самите да знаете што сакате и да донесете одлука базирана на вашите приоритети.

Не купувајте бизнис со помислата дека мора да е добар

Кога купувате бизнис, чувството на безбедност е она што го барате во моментот. Кога разгледувате популарен и добро пласиран бизнис, си мислите дека лесно ќе ги вклопите вашите умеења и знаења. Но токму со тие бизниси доаѓаат и поголеми обврски и грижи, а и не мора да значи дека ако нешто умеете, истото ќе сакате да го правите.