
Соединетите Американски Држави и земјите од групата Г7 се согласија на состанок во Канада да поддржат предлог според кој американските компании ќе бидат ослободени од некои одредби од глобалниот договор, вклучително и плаќање повисоки даночни стапки во странство, соопшти групата од седумте најиндустријализирани земји во светот.
Договорот следеше по предлогот на САД да им се овозможи на американските компании да избегнат нови меѓународни даноци бидејќи веќе плаќаат слични дома, објави Ројтерс.
Како што наведе Г7, овој план ги признава постојните закони на САД за минимални даноци, а целта е да се донесе поголема стабилност во меѓународниот даночен систем, соопшти агенцијата.