H&M ги затвори сите продавници во Русија и во Белорусија

64

Шведскиот производител на облека Х&М (H&M) денеска објави дека ги затворила своите последни продавници во Русија и во Белорусија по постепеното повлекување најавено поради руската инвазија врз Украина.

„Групата Х&М ги заврши своите активности во Русија и во Белорусија овој квартал, преостанатите резерви беа продадени, а последните продавници беа затворени на 30 ноември“, се наведува во соопштението на компанијата.

Групацијата во март ја прекина продажбата во Русија поради руската инвазија врз Украина, а во јули објави дека се повлекува од Русија, што според процените ќе ја чини 2,1 милијарди круни (околу 193 милиони евра).

На крајот на 2021 година, Русија беше шестиот најголем пазар на Х&М, која во последниот квартал од 2021 година инаше промет од две милијарди круни (околу 182 милиони евра)

Х&M на рускиот пазар е од 2009 година и имаше 6.000 вработени.