Hadrian – робот што за два дена може да постави 15.000 цигли

26

Hadrian-3-640x478

Австралиската компанија Fastbrick Robotics разви робот што може да постави 1.000 цигли за еден час и да изгради карабина за куќа за два дена, пишува порталот Mashable.

За стандардна карабина на куќа, за којашто се потребни околу 15.000 цигли, на роботот му се потребни два дена.

hadrian 1

Роботот сè уште е во фаза на прототип, но компанијата се надева дека во текот на следните неколку години ќе може да почне со комерцијална употреба. Роботот го носи името Hadrian, според античкиот римски император, кој имал желба за градење.

Технологијата на Hadrian ја разви Марк Пивац, основач на компанијата Fastbrick Robotics. За негов развој досега се потрошени повеќе од седум милиони долари.

hadrian 5

Роботот може да земе цел пакет со цигли, да ракува со нив и да ги распоредува без потреба од човечка асистенција. Hadrian може да ракува со било каков вид на цигли што може да се појават на пазарот.