HB Lamp – креативна молив ламба

24

lapmaБрачна двојка од Лондон креираше молив ламба со којашто може да се црта по домот. HB Lamp ламбата е дизајнирана и направена во Велика Британија, пред двојката да се пресели во Сиднеј, Австралија. Изработена е од кедар, месинг (којшто може рачно да се витка) и рачно изработено стакло што го прави овој производ оригинален, врвен и квалитетен.

Доколку сакате да ја подарите некому може да дојде заедно во комбинација со специјално дрвено пакување. Ламбата ја има во традиционалната жолта боја што асоцира на моливот, но постои можност да се нарача во други бои и да се персонализира според вкусот и потребите на клиентот.

На 11-ти октомври започнуваат кампања на Kickstarter и за да го прослават тој момент тие ќе подарат една оригинална молив ламба на среќен добитник што инаку чини 1.220 долари.

lamll