Heatbuff – десктоп греалка за прсти

25

greac

Фото: Kickstarter

Heatbuff е малечка десктоп греалка којашто преку инфрацрвени зраци грее ограничена област. Според Envavo, данската компанијата којашто стои зад овој уред, којшто е дизајниран за да се подобри ефикасноста и удобноста при користењето на компјутери во ладни простории, а се поставува преку тастатурата, пишува Slash Gear.

Аглите на греалката може да се прилагодат на потребите на корисникот, а исто така може да се спакува и е лесна за транспорт или складирање.

Креаторите на Heatbuff велат дека греалката не троши многу електрична енергија и е безбедна, односно не може да предизвика изгореници на рацете на корисникот или да ја стопи тастатурата или глувчето.

Heatbuff е поставена на платформата за групно финансирање Kickstarter, чини 66 евра и досега се собрани над 20.000 евра од потребните 10.000 евра, а до крајот на кампањата има уште 17 дена.