Хемофарм ќе инвестира 20 милиони евра во погони во регионот

16

hemofarm

Српската фармацевтска компанија Хемофарм, годинава ќе инвестира преку 20 милиони евра во своите погони во регионот, од кои најмалку 12 милиони евра ќе бидат инвестирани во модернизација на производството, изјави вчера генералниот директор на компанијата, Роналд Зелигер, јавува Танјуг.

По повод 55 години од основање на компанијата, Хемофарм планира нови повеќемилионски инвестиции во Србија, Република Српска и Црна Гора.

Компанијата преку 70% од своето производство извезува на европскиот пазар, а во однос на минатата година, производството е зголемено за 13%. Лековите од фабриката во Вршац, изградена 1996 година, завршуваат на 37 пазари во светот.