Холандија: Велосипедски патеки од рециклирана тоалетна хартија

21

asphalt-1867328_960_720

Фото: Pixabay

Холандската провинција Фрајсленд ја има првата велосипедска патека во светот направена од рециклирана тоалетна хартија, пишува City Lab.

“Патеката е долга еден километар, а за да се поплочи истата беше употребена терцијарна целулоза добиена од отпадни води. Ја земаме целулозата од овие водотеци и повторно ја претвораме во суровина”, вели Ерик Пилјман, директор на KNN Cellulose, една од компаниите инволвирани во проектот.

За да се направи патеката, хартиените влакна се одвојуваат од отпадните води со помош на индустриско сито од 0,35 милиметри, пред да бидат подложени на машинско чистење, стерилизирање, избелување и сушење. Крајниот резултат е мек материјал со сива боја.

Помина повеќе од една година откако патеката беше поставена во Фрајсленд и според одговорните луѓето не ни можат да забележат разлика помеѓу патеката од тоалетна хартија и обичниот асфалт. Амстердам, исто така, планира да ја користи целулозата од отпадните води на своите патеки.