Холандската HPK ќе управува со Железарата Смедерево

22

Zelezara-Smederevo

Српската влада донесе одлука со Железарата Смедерево да управува холандската компанија HPK engineering, пишува Танјуг.

Владата на Србија, како што се наведува, ја прифати одлуката на Комисијата за избор на најповолен понудувач и го задолжи Министерството за економија да ги спроведе потребните активности за склучување на Договорот за пружање услуги за управување и советување со таа компанија.

Во најсилна конкуренција за управување со Железарата се најдоа компаниите Esmark од САД и HPK од Холандија.

Одлуката за распишување на јавен повик за професионален менаџмент ја донесе Владата на Србија на 17-ти февруари, по неуспешните преговори за стратешко партнерство со американската компанија Esmark, што би требало да преземе 80,01% од капиталот на Железарата во сопственост на државата.

Железарата Смедерево повторно е во државна сопственост од јануари 2012 година, откако дотогашниот американски сопственик US steel, по девет години одлучи да ја продаде за еден долар поради загубата која Челичаната ја направи по падот на цената на челикот на светскиот пазар.