Фото: YouTube
Во светот во иднина ќе има сè помалку простор за живот на копно, поради растот на нивото на морињата. Во Холандија две третини од земјата се спушта под нивото на морето, но холандските научници веќе развиваат решение што вклучува изградба на пловен мега остров составен од 87 триаголни платформи врзани за дното на океанот, пишува Inhabitat.
Инженерите од Maritime Research Institute Netherlands (MARIN) го претставија проектот со цел да привлечат инвеститори. Прототипот на овој остров веќе е тестиран во базен со симулации на ветер и бранови.
Оригиналната верзија треба да биде со должина од пет километри и на овој остров би се изградиле, паркови, фарми, пристаништа… На островот, исто така, би се користеле обновливи извори на енергија добиена од брановите, сонцето и ветерот.
“Во време на пораст на нивото на морето и пренаселени градови подигањето на насипи и прскање песок не е најефективно решение. Пловечките пристаништа и градови се иновативна алтернатива“, вели Олаф Валс, проект менаџер и дизајнер на концептот.
Тој е убеден дека овој проект во наредните 10 до 20 години би можел да стане реалност. Валс вели дека поради растот на нивото на морето Холанѓаните ќе бидат принудени да се “вратат на море“.