Холограмска маса што може да ја користат четири лица во исто време

86

jaycar

Фото: Euclideon

Компанијата од Австралија, Euclideon, ја создаде првата холограмска маса што можат да ја користат четворица корисници истовремено со помош на очила што следат движење. Секој од нив го прави тоа што сака и притоа не им пречи на останатите, пишува Curbed.

Во очилата се вградени специјални леќи коишто следат како светлината од холограмската маса се претвора во 3D стерео модел. Компјутерот потоа ја проценува позицијата на главата на корисникот и генерира посебни слики на левото и десното око создавајќи 3D ефект.

Тајното “оружје” на компанијата е графичкиот мотор, Unlimited Detail, којшто првично беше создаден за апликации за видео игри. Моторот со голема брзина може да прикажува огромни виртуелни простори со детални слики што ја прави масата идеална за движење низ виртуелна 3D реалност или гледање на геопросторни слики, како што се мапи.

Euclideon веќе тестираше правоаголни холограмски маси со големина од 150 сантиметри и планира да создаде нивна комерцијална верзија во 2018 година. Цената на овој производ ќе изнесува 47.000 долари.

Компанијата, исто така, работи на холограмска маса доволно голема за да можат четворица да ја користат стоејќи на неа.