ХОО – паметен ремен со USB приклучок и полнач за мобилен телефон

24

hoo

ХОО појасот е новиот изум што би требало да им помогне на луѓето батеријата на нивниот телефон никогаш да не остане празна. Овој практичен и корисен изум го патентираше Пирс Ридијард, а станува збор за наизглед обичен ремен во кој има вградено полнач и USB приклучок.

Тој го постави својот патентиран производ на глобалната платформа за финансирање Indiegogo.

 

xoo 123

Ременот има 2.100 милиампери (mAh) што може да ја наполни батеријата на iPhone 6. Планот за ваков паметен ремен постои подолго време, но технологијата потребна за негово создавање стана достапна дури во јуни минатата година. USB приклучокот и кабелот се сокриени во копчето, а батеријата се наоѓа во кожниот дел на ременот.

“Ова е производ за луѓе кои постојано имаат проблем со празни батерии, а не сакаат со себе да носат полначи. Сакам ременот да им се допадне на сите деловни луѓе кои се постојано на пат и на оние луѓе кои ја трошат целата батерија на сликање во ноќните клубови и немаат батерија за да си повикаат такси за да се вратат дома“, вели 27-годишниот Ридијард.

xoo 14

Првата испорака може да се очекува следната година, а цената на производот би требало да биде околу 150 долари.

xoo 15