Хотели капсули – нов тренд во хотелското сместување

81

9-hours-capsule-hotel-07Сместувањето во минијатурни соби во кои можат да се најдат само основните работи како кревет, осветлување и простор за багаж стануваат се попопуларни во светот. Овие мини хотели уште се наречени и капсули, а името доаѓа од истоимените јапонските мали соби изградени од фиберглас, што за прв пат се појавија во Осака во 1979 година.

Повеќето од нив имаат заеднички бањи, а некои хотели нудат спа центар, кафулиња и базени. Денес ги има во повеќе земји во светот, но сепак најголемиот број се во Јапонија.

Цените се различни во зависност од тоа дали гостинот само преспива во собата или сака да користи дополнителни услуги и да остане повеќе денови. Обично заедно со собата доаѓа и малечок шкаф каде посетителот може да ги смести своите работи. Во некои хотели капсули во собите можат да преспијат двајца, а истите нудат и аудио систем, апликација за контрола на осветлувањето, интернет, лаптоп и LCD телевизор.

22758719first-cabin-is-a-luxurious-take-on-japanese-capsule-hotels-5gqbhkfvoid2mjlnvl3dlcapsule-hotel-2-600x426tour20pic_capsule_slide_012025_capsule_hotels_024972324820150601_Time-Capsule-Hotel_02_620_411_100