Aqua Expeditions компанијата чија дејност се луксузни бродови за крстарење, во соработка со перуанскиот архитект Жорди Пуиг го најави комплетното реновирање на нивните два брода Aqua Amazon и Aria Amazon, пишува ТравелПулс.
Бродовите што за прв пат запловија во 2008 и 2011 крстарат по реката Амазон во Перу, а на гостите им нудат пакети од три, четири и седум ноќи.
Проектот вклучува целосно реновирање на ентериерот и екстериерот на превозните средства. Целата дрвенарија, тендите, подовите, мебелот, бањите и сите останати додатоци во апартманите ќе бидат заменети со нови.
Покрај тоа бродовите ќе добијат и нови 10 патнички чамци.
Aqua Amazon вклучува вкупно 12 апартмани, а Aria Amazon 16.