Hова експозитура ТТК Банка во Ѓорче Петров

100

ttkТТК Банка ја проширува својата деловна мрежа со отворање на нова експозитура во населбата Ѓорче Петров, во Скопје.

Новата експозитура на банката се наоѓа на бул. Партизански Одреди бр. 171а и ќе работи од понеделник до петок, од 08 – 16h, се вели во денешното соопштение на банката.

Корисниците, физички и правни лица, ќе бидат опслужени од високостручен тим, кој ќе овозможи брза и ефикасна услуга, како и понуда на производи и услуги од актуелната понуда на банката. Во рамки на експозитурата е поставен и банкомат.

ТТК Банка брои седум филијали и 23 експозитури на територијата на Македонија каде ги опслужува своите корисници.