ХРТ ги трга рекламите од филмовите и сериите

17

Од 1 јануари 2013 година веќе нема да се прекинуваат играните филмови и сериите со економско пропагандни програми, иако според законот е дозволено да има еден блок реклами за време на траењето на филмот, соопшти извршниот директор на Хрватската радио телевизија (ХРТ), Горан Радман.

“Донесов одлука овие содржини да не се емитуваат од 1 јануари, без оглед што се важен елемент во нашите приходи”, изјави Радман.

Програмскиот совет на ХРТ му даде условна согласност на Радман за потпишување договор со Владата за обврските на ХРТ и опсегот на услуги што треба да ги испорача јавниот сервис во замена за приходите што ги остварува со наплаќање на радиодифузната такса.

Договорот се потпишува на 1 јануари 2013 година на период од пет години.