Хрватска е прогласена за најбезбедна земја за ноќно пешачење во Европа- На кое место е рангирана Македонија?

Кога планираме патување, често истражуваме колку е опасна посакуваната дестинација и колкави се шансите да бидеме нападнати на улица или ограбени.

Според листата која ја објави „World of Statistics“, Хрватска е најбезбедната земја во Европа за ноќни прошетки, додека Македонија го зазеде 17-то место и се смета за релативно безбедна.

Словенија го зазеде второто место, Исланд е на третото, Грузија на четвртото, а Швајцарија е на петто место.

Чешка го зазеде шестото место, Данска е седма, а Естонија е осма.

На деветтото место се наоѓа Финска, по што следуваат Холандија и Црна Гора.

Што се однесува до помалку безбедните, тоа се Шведска, Велика Британија, Белгија, Белорусија, а Франција е прогласена за најопасна земја за ноќни прошетки, и се наоѓа на последното место.