Хрватска и Србија со заеднички мерки за одбрана од поплави

13

poplavi

Хрватска и Србија ќе разменуваат информации поради поефикасна евакуација на големите води во сливот на реката Сава, договорија вчера претставници на хрватското министерство за земјоделие и Хрватски води со српските колеги од министерството за земјоделие и заштита на животна средина.

Повод на овој состанок во Рума беа поплавите што ги погодија двете земји.

Воспоставен е договор за оперативна размена на информации меѓу Јавното претпријатие Води Војводина и Хрватски води, поради поефикасна евакуација на големи води во сливот на Сава.