Хрватска иновација: “Паметно” соларно плашило за надгледување ниви и лозја

744

plasilo

Иноваторот Тања Путар од Осиек, Хрватска, го претстави својот изум – соларно плашило кое всушност е мултимедијален надзорен систем. Однадвор плашилото ќе изгледа како сите останати плашила по полињата и нивите, но одвнатре ќе биде сложен уред кој ќе им помогне на корисниците преку паметен телефон, во реално време да видат што се случува во нивните насади, лозја, градини…

Плашилото, кое ќе добива енергија од сонцето, ќе има сензори кои ќе разликуваат птици, животни и луѓе што се шетаат по надгледуваната парцела, а ќе има опција преку вграден звучник, “посетителите” да бидат замолени да го напуштат имотот, пишува Пословни дневник.

За изработка на првото функционално плашило, Путар проценува дека ќе и бидат потребни 6-9 месеци, а главен пазар гледа во извоз. Планот е да се произведува во три големини, во повеќе верзии, односно со различни пакети на опрема. Цената на основниот модел би се движела околу 400 евра, а најголемиот модел со комплетна опрема би чинел околу 1.200 евра.