Хрватска ќе добие современа фабрика за производство на сончеви панели

80

solar-1600507_960_720

Фото: Pixabay

За една година во фабрика во Бистра, Хрватска ќе почнат да се произведуваат ултра современи соларни панели бјави Lokalni.hr.

Според странските инвеститори фабриката во Бистра би можела да произведе и подобри сончеви панели од оние на моменталниот светски лидер Panasonic.

Тие најавуваат дека во процесот на изработка на панелите ќе се користи технологија од германската компанија Singulus којашто веќе неколку години неуспешно се обидуваат да ја усовршат и применат американци, мексиканци, кинези и други големи играчи во овој бизнис.

Во овој проект, “тежок“ 86 милиони евра, сончевите панели се очекува да достигнуваат ефикасност од 21,5% што е повеќе од ефикасност на панелите на Panasonic коишто на пазарот се продаваат со ефикасност од 19 до најмногу 20%. Ескпертите веруваат дека разликата од 1% ефикасност само навидум е мала, во случајов, таа е огромна.

Проценето е дека фабриката во првата фаза ќе вработи 320 локални жители, а за скоро бројката е планирано да се зголеми на 580 работници.