Хрватски Адрис ќе бара стратешки партнер за ТДР

17

cigari

Управата и Надзорниот одбор на хрватската Адрис група предлагаат на главното собрание, свикано на 20 јануари следната година, да се донесе одлука за стратешко реструктуирање на дел од имотот на фирмата, со што би започнал процесот на барање можно партнерство за Творница духана Ровињ (ТДР), стои во соопштението на Адрис објавено во хрватските медиуми.

На одлуката и претходела анализа на состојбата во тутунската стратешка единица и на ризиците од понатамошно работење во услови на крајна концентрација на светската тутунска индустрија, како и анализа на можни стратешки опции за одржливост на ТДР – продолжување на самостојно работење, спојување со слични фирми и продажба на дел од сопственоста.