HTC со нов смарт телефон – Desire 500

17

Компанијата HTC претстави нов смарт телефон Desire 500, чии карактеристики се екран од 4,3 инчи, квад кор процесор од 1,2 GHz, кој овозможува брз мултитаскинг, сурфање на интернет, како и играње игри со значително подобрена графика.

htc_desire_carphone_warehouse

Благодарение на поддршката за микро SD картичката од 64 GB корисникот никогаш нема да остане без простор за фотографии, видео снимки, апликации и омилените игри.

Телефонот исто така поседува HTC BlinkFeed, како и Video Highlights функција, која фотографиите и видео снимките ги претвара во видео компилација во траење од 30 секунди, пропратени со музика од една од шесте понудени теми.

Desire 500 вклучува и камера од 8 мегапиксели која заедно со HTC ImageChip процесорот креира  фотографии и HD видео снимки, додека предната камера од 1,6 MP многу лесно прави автопортрети со висок квалитет.

HTC_Desire_500_Smartphone-1

“Моделот Desire 500 е совршен за корисниците кои се секогаш во движење, бидејќи овозможува моќен мултитаскинг и  live stream на важни и интересни информации, додека моментите за помнење ги бележи со одличната камера“, вели генералниот директор на HTC копрпорацијата Питер Чау.

Новиот HTC Desire 500 ќе биде достапен на одредени пазари во текот на овој месец, а ќе се продава во верзиите дуал SIM и NFC.